Рапување, познато и како "MCing", или пак римување, е ритмичкото поставување на стихови во рима и претставува еден од централните елементи на Хип-Хоп музиката и културата. Зборот "рап" се смета како акроним на фразата "Rhythm and Poetry" (Ритам и Поезија).
Рапувањето може да се пренесе преку ритам со или без придружба. Рапот е создаден од гриотите (фолк поети) од Западна Африка, Карибејскиот стил на ударци, а исто така има основи на Американски Блуз и Џез.
Хип хоп продукција претставува создавање на дел од хип хоп музиката кој не е лирски. Денешната хип хоп продукција употребува тапани наречени "drum" машини, плочи, синтисајзери, хардверски и софтверски секвенсери, како и живи инструменти.
Во оригиналната форма, вториот елемент на Хип хоп културата беше ракувањето со плочите, но во денешно време тоа е заменето со компјутерски техники.
Beatboxing-от, се смета како петтиот елемент на хип-хоп културата и претставува создавање на ритам и мелодија користејќи ја устата. Поради тоа што претставува начин на создавање на хип-хоп музика, може да се категоризира под хип-хоп продукција.
Денешните хип хоп графити потекнуваат од Филаделфија, кои што се имаат раширено до Њу Јорк. Книгата "Subway Art" и ТВ програмата "Style Wars", првпат прикажани во 1984 се сметаат како први извори во кои е објаснето што се тоа графити. Во повеќе држави создавањето на графити на јавни места без дозвола се смета како криминал.
Brakedance-от по неговите изведувачи претставува динамично играње. Зборот потекнува од играчите на забавите кај DJ Kool Herc, кој најдоброто играње го изведувале за време на паузите (анг. "break") од песните. Breakdance-от е еден од поважните елементи во хип хоп културата. Во 80-тите години беше често да се види група на луѓе со радио касетофон како играат пред голема публика.